За нас

Електроковина плус ДООЕЛ е компанија која, благодарение на високо квалификувани и професионални вработени и врвни добавувачи, веќе неколку децении успешно реализира проекти од областа на осветлувањето и механичките инсталации.

Електроковина своите професионални почетоци ги бележи дури во 1948 година, кога во Марибор е основана компанија за производство на пумпи и ламби. Хрватската компанија Електроковина д.о.о. е основана во 1992 година како наследник на поранешното претставништво на Мариборска Електроковина.

На почетокот на 2018 година успешно го завршивме процесот на реорганизација во кој името на компанијата беше сменето во Електроковина Плус д.о.о. Покрај тоа, го зголемивме бројот на добавувачи со кои работиме, и со тоа значително ја проширивме нашата понуда.

Електроковина Плус има две главни области на активност, и соодветно на тоа, се распределени организациските оддели во рамките на компанијата. Одделот за осветлување се состои од оддел за продажба и  е тесно поврзан со  одделот  за проекти кој се занимава со развој на проекти за осветлување, додека одделот за пумпи и механички инсталации се состои од оддел за продажба и овластен сервис на пумпи.

Нашиот тим од мотивирани вработени ќе го најде најдоброто решение за сите ваши потреби во двата сегмента.

Производите и услугите кои Ви ги нудиме дополнително ги комплетиравме во нашите  сервисни центри во Загреб и Осиек, со пто Ви обезбедуваме да бидете задоволни и смирени постојно додека ги користите нашите производи.